3.0
7 изјави
Просек врз основа на оценките од 7-те проверени изјави во целото интервју.
5
4
3
2
1
0%
43%
29%
14%
14%
сите оцени
Kатегории
За нас
систем на оцени
избор на изјави
процес на проверка
креирано од
следно
следно
во ред
Oбјаснување на оцените
вистина
Изјавата е комплетно точна и не содржи ни малку невистина или некаква форма на наведување.
НАШ ЗАКЛУЧОК
БРОЈ НА SВЕЗДИЧКИ
претежно вистина
Изјавата е точна, но потребно е објаснување на контекстот и дополнителни информации.
НАШ ЗАКЛУЧОК
БРОЈ НА SВЕЗДИЧКИ
полувистина
Изјавата е делумно точна, но е извадена од контекст или бара дополнителни објаснувања.
НАШ ЗАКЛУЧОК
БРОЈ НА SВЕЗДИЧКИ
претежно невистина
Изјавата содржи малку елементи на вистина, но претежно е невистинита и наведувачка.
НАШ ЗАКЛУЧОК
БРОЈ НА SВЕЗДИЧКИ
невистина
Изјавата е комплетно неточна и остава сосема спротивен впечаток од вистината.
НАШ ЗАКЛУЧОК
БРОЈ НА SВЕЗДИЧКИ
star_rate
star_rate
star_rate
star_rate
Како ги бираме изјавите?
4-те параметри за избор
Изборот на изјави кои ги офпаќаме со проверка се прави врз основа на тоа 1. дали изјавата може фактографски да се провери, 2. дали е политички значајна, 3. дали добива пулбицитет од медиумите и 4. дали самата изјава поттикнува двоумење кај јавноста во однос на точноста.
Како ги проверуваме изјавите?
Извори за проверка
Проверките ги правиме преку детално пребарување на интернет, прегледување на бази со податоци достапни за проверка, консултации со експерти од полето на интерес, прегледување на официјални документи од државни институции. Секогаш ги објавуваме и линкуваме до документите кои ги користиме при проверката.
пребарување
Експерти
документи
РОТИРАЈТЕ ГО УРЕДОТ
Slide 0
повлечи кон лево
ВИДЕО-ПРОВЕРКА
Направивме проверка на повеќе изјави на Христијан Мицковски од интервјуто за емисијата ClickPlus на ТВ21 од 05.јуни

објавено на 15.06.2020
просечна оценка на точноста на изајвите - 3.6
Slide 1 обсе одихр
1 од 7
00:62
Дали, еве, слушаме 05. јули. Дали некој го прашал ОБСЕ ОДИХР дали може на 05 јули да донесе набљудувачи? Еве јас ќе ви кажам, според сите протоколи, треба шефот на набљудувачката мисија минимум 35 дена пред денот на избори… Тоа значи дека од денешнава дата имаме уште 31 ден. Знаете каде е шефот на набљудувачката мисија во Македонија? Не е тука. Епа од одма јас ви кажувам дека ако се форсираат такви насилни избори никој нема да ги признае бидејќи немаме кредибилен мониторинг. Еве го нема шефот на набљудувачката мисија кој што… дали оние набљудувачи кои што први стигаат кои што треба неколку недели пред почнувањето на кампањата да се тука, се тука? Не се тука. Дали овие краткорочните набљудувачи ќе бидат во полна содржина така како што беа планирани? Никој нема таква информација.
Информациите кои ги пласира Г-нот Мицкоски во голема мера содржат точни факти, но не целосно, а изоставени се битни информации.

Имено, според времениот извештај на канцеларијата на ОБСЕ во Скопје (стр. 3), Мисијата за набљудување на изборите кои беа закажани за 12 април, започна да работи на 1-ви март 2020. 20-те долгорочни набљудувачи беа распоредени во земјава на 10 март. На 17-ти март, по Уредбата на Владата за замрзнување на изборните дејства, ОДИХР ги суспендираше своите активности, а е подготвена повторно да испрати набљудувачка мисија во Македонија согласно “насоките за патување во регионот и здравствените регулативи”.
Следно
Според ова, периодот од 35 дена на кој се повикува Г-динот Мицкоски е во рамките на регуларната пракса и е коректно употребен како аргумент. Но, наведувачка е фразата “дали некој го прашал ОБСЕ дали може на 5 јули да донесе набљудувачи”.

Имено, она што пропушти да го спомене иако за тоа се разговараше на двете лидерски средби, е дека на првата лидерска средба (12.05) Владата се обврза преку Министерството за Надворешни Работи да испрати барање до ОДИХР во врска со повторно активирање на набљудувачката мисија, по што пред втората лидерска средба (18.05) од МНР објавија дека добиле позитивен одговор во врска со испраќање набљудувачка мисија на парламентарните избори.
Во ред
Линкови
Кликни на знакот "play" десно за да ја слушнеш изјавата и на знакот лево од него за да ја прочиташ нашата проверка.
Според ова, периодот од 35 дена на кој се повикува Г-динот Мицкоски е во рамките на регуларната пракса и е коректно употребен како аргумент. Но, наведувачка е фразата “дали некој го прашал ОБСЕ дали може на 5 јули да донесе набљудувачи”.

Имено, она што пропушти да го спомене иако за тоа се разговараше на двете лидерски средби, е дека на првата лидерска средба (12.05) Владата се обврза преку Министерството за Надворешни Работи да испрати барање до ОДИХР во врска со повторно активирање на набљудувачката мисија, по што пред втората лидерска средба (18.05) од МНР објавија дека добиле позитивен одговор во врска со испраќање набљудувачка мисија на парламентарните избори.
ОБСЕ
Инфографик за набљудувачката мисија
Deutche Welle
Вест за соопштение од МНР
ОБСЕ
Времен извештај ОДИХР - избори 2020
Slide 2 комисија за заразни болести директори
2 од 7
00:23
Истото тоа што го кажува и комисијата за заразни болести, патем формирана од директори кои што се поставени од ова парламентарно мнозинство и еден кандидат за пратеник на СДСМ - директор на клиника и господинот Караџовски кој, во минатото повеќе, би рекол, покажа политички способности отколку лекарски способности.
Составот на Комисијата за заразни болести го одредува Министерот за Здравство со решение. Последното решение со кое се направени промени во нејзиниот состав е од 15.03.2020 и е објавено на официјалниот владин сајт. Согласно ова решение, комисијата брои 17 членови плус еден надворешен член - претставник на СЗО. Претседател е Д-р Миле Босилковски од Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби. Со оглед на тоа што во медиумите и на официјалниот владин сајт континуирано се напоменува дека претседател на комисијата е Д-р. Жарко Караџовски, претпоставуваме дека во меѓувреме е донесено ново решение со кое е назначен за претседател на комисијата, но ние такво решение не успеавме да го пронајдеме.

Бидејќи Решението од 15.03 е објавено на официјалниот владин сајт, и согласно тоа ќе го сметаме за релевантно.
Следно
Анализирајќи го ова решение ги проверивме работните позиции на сите членови на комисијата. Од вкупно 17 члена, само 3 се директори на клиники и/или државни институции. Тоа се Д-р Милена Стевановиќ - директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Виктор Исјановски - директор на Здравствен дом Скопје и Д-р. Иринка Сотирова Бухова - директор на Државен здравствен и санитарен инспекторат. Сите останати членови се доктори или вработени кои доаѓаат од клиниките и/или институции, но не се на директорска позиција.

Според тоа, изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ содржи многу малку елементи на вистина, претежно е невистина и наведувачка.

Коронавирус владин портал
Информација за состав на Комисијата
Коронавирус владин порстал
Соопштение од прес на Д-р. Караџовски
Влада на РСМ
Решение за Комисија за заразни болести
Кликни тука за да преминеш на прва/последна изјава или да го видиш просекот на оцени од сите изјави во интервјуто.
Slide 3 победа над пандемијата
3 од 7
00:20
...Господинот Караџовски кој што во минатото повеќе би рекол покажа политички способности отколку лекарски способности, бидејќи од денот кога тој заедно со ресорниот министер и Спасовски ја прогласија победата врз пандемијата па до денеска бројот некако се триплираше, па би рекол дури и четирикратно се зголеми од тоа што беше пред да се прогласи победата.
Г-динот Христијан Мицкоски со оваа реченица алудира на тоа дека Владата на прес конференцијата која се одржа на 26.05 прогласила победа над пандемијата, што во контекст на зголемената бројка новозаразени по оваа прес конференција го оквалификува како лош потег од страна на надлежните.

Се работи за долгата прес конференција на која беа објавени олабавувања на рестриктивните мерки. За да провериме дали навистина била прогласена победа над пандемијата ние повторно ја прегледавме целата прес конференција во траење од 1 час и 36 минути на која учествуваа Премиерот Оливер Спасовски, Министерот за Здравство Венко Филипче, вицепремиерот Бујар Османи и Д-р. Жарко Караџовски. Во текот на целата прес конференција ниту еден од четворицата учесници не го спомна зборот “победа” или фразата “победа над пандемијата”.
Следно
Единствените фрази кои се најслични до зборот победа се следните 3 фрази, но ниту една од нив не алудира на прогласување на победа над пандемијата. Напротив, во повеќе наврати се упатува на внимателност и алармирање од можно повторно зголемување на бројките на новозаразени:
22:10 “Првата битка е добиена, но борбата се уште трае и ќе трае, факт е дека вирусот нема да замине, ќе биде тука” - Венко Филипче
35:58 - “Го амортизиравме првиот удар на епидемијата” - Жарко Караџовски
40:20 “Повторувам, битката не е завршена” - Жарко Караџовски

Со оглед на тоа можеме да констатираме дека тврдењето на лидерот на опозицијата дека е прогласена победа над пандемијата на прес конференцијата од 26.05 не содржи вистинити факти и е наведувачка.

Прес конференција одржана на 26.05.2020
Slide 4 predupreduvavme na 26.02
4 од 7
00:19
Но, ние на 26 февруари предупредувавме, велевме дека оваа пандемија ни е на границата. Тогаш бевме обвинети од страна на ресорниот министер дека шириме лажни вести, дека не треба, дека треба граѓаните да бидат спокојни, дека тоа нема да се случи и така натаму…
Г-динот Христијан Мицкоски тврди дека на 26.02 предупредувале во врска со Коронавирусот. Ние ги проверивме официјалните страни на Facebook и Twitter на Г-динот Мицкоски. Соопштенијата и прес конференциите од тој период не се повеќе достапни на веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ. Ги проверивме постовите кои се објавувани неколку дена пред и неколку дена по 26.02 и од Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ. Тука не успеавме да пронајдеме ниту еден пост поврзан со Коронавирусот.

Но, точно на 26.02 на нивната Facebook страна во секцијата “Видеа” и на партискиот Youtube канал објавена е една од двете прес конференции од тој ден. Таа започнува со многу слична фраза во однос на таа која ја спомнува Мицкоски, “Коронавирусот е реалност и речиси е на вратите на Република Македонија”. Во продолжение на прес конференцијата се критикува начинот на кој надлежните се справуваат со Коронавирусот.
Следно
Според тоа, првата реченица на Мицкоски содржи точни факти.

Сепак, втората реченица во врска со ширење лажни вести не се однесува на нивното предупредување дека вирусот ни е на границата, туку на обвинувањата изнесени на истата прес конференција кон власта во врска со неподготвеноста да се справи со Коронавирусот. Заради тоа втората реченица е во одредена мера наведувачка, бидејќи од неа се добива впечаток дека власта во тој период за разлика од ВМРО-ДПМНЕ не била свесна за опасноста од Коронавирусот да се прошири и во нашата земја.

За илустрација - на Twitter и Facebook профилите на Министерот за Здравство во периодот пред и по 26.02 се објавени повеќе постови со предупредувања и мерки за заштита од Коронавирусот.

Facebook страница на ВМРО-ДПМНЕ
Прес конференција од 26.02.2020
Youtube канал на ВМРО-ДПМНЕ
Прес конференција од 26.02.2020
Slide 5 пад на индустриско производство
5 од 7
00:09
Еве ќе ви дадам еден податок, индустриското производство во април месец е паднато за цели 40%, цели 40%
При изјавата за падот на индустриското производство Г-динот Мицкоски се повикува на известувањето на Државниот завод за статистика објавено на 29 мај, односно само неколку дена пред даденото интервју.

Според тоа известување, споменатиот пад од 40% е делумно точен и блиску до вистинскиот. Имено, точниот пад на индустриското производство во април 2020 споредено со април 2019 изразен во проценти изнесува 33.5%.

Во известувањето на Државниот завод за статистика директно не се споменува фразата “пад на индустриското производство”, но јасно е наведено дека индексот во однос на 2019 изенсува 66.5%, што де факто претставува пад од 33.5%.
Следно
Со оглед на тоа што и официјалните податоци оставаат впечаток за сериозен и невообичаен пад на индустриското производство, илустрацијата која лидерот на опозицијата сака да ја претстави соодветствува со впечатокот кој го оставаат статистичките податоци.

Заради тоа, изјавата може да се оцени дека содржи точни податоци но, сепак, потребно е објаснување и комуницирање на точниот процент на пад.

Државен завод за статистика
Индекси на индустриско производство 04/2020
Slide 6 транспаренси интернешнал 21 место
6 од 7
00:08
Ние на скалата на Транспаренси Интернационал сме паднати 21 место, бевме најниски во регионов ако не се лажам.
Транспаренси Интернешнал секоја година прави рангирање на земјите според перцепцијата за индексот на корупцијата. Според тоа рангирање во 2019 година нашата земја се наоѓа на 106-тото место (од вкупно 180 земји) со индекс на корупција од 35.

Споредено со лани котираме полошо за 13 позиции, а споредено со 2016 година кога сме биле на 90-тото место (последната година од мандатот на претходната Влада), котираме полошо за 16 позиции).
Следно
Најголемата разлика во рангирањето на Македонија во две последователни години се забележува во 2016 година во однос на 2015 кога од 66-тото паднавме на 90-тото место.

Во однос на тврдењето на Г-динот Мицкоски дека имаме најлош пласман во регионов, ние го проверивме пласманот на сите балкански земји и навистина сите котираат подобро од нас, а најблиску до нас е Косово - 101 позиција.

Според тоа, првиот податок во однос на падот за 21 позиција е делумно точен, а вториот во однос на споредбата со земјите од регионот е комплетно точен.
Во ред
Линкови